Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Акција во Велес за подигање на свеста за возење на велосипед

Датум на објава: 20.03.2021

Претставници на Општина Велес, во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг”, ЕД „Грин пауер” и ЕД „Вила зора”, со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, денеска делеа налепници за возачите на автомобили.

Како што информираат од општината, целта на настанот беше да се поттикнат граѓаните да ги остават автомобилите и да го поминат Денот на пролетта – 21 март, во пешачење, рекреација и користење на велосипедот како превозно средство.

Случајни минувачи, исто така, беа анкетирани и го дадоа своето мислење за подобрување на сообраќајот во градот, како и за можноста за определување на локации наменети за пешачки и велосипедски патеки.

Извор: МакПрес

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk