Љубителите на велосипедизмот тешко се разделуваат од својот миленик во зимскиот период. Иако велосипедот важи за најпрактично летно превозно средство, доколку се придржувате до неколку важни совети за зимското одржување, може да продолжите да го возите и во зима.
Пред нас ни престои уште една зима. Од ден на ден, температурите на воздухот се се пониски, и во блиска иднина се очекува истите да се спуштат и под нулата. Тој податок не треба ни малку да ве загрижува, затоа што во продолжение ви ги претставуваме предностите кои би ги имале доколку не се откажете од вашиот велосипед во текот на зимските денови.