Датум на објава: 03.07.2026
Во последниот период сè почесто сме сведоци на несовесно и небезбедно учество во сообраќајот од страна на возачите на велосипеди и електрични тротинети. Забележливо е зголемување на бројот на прекршоци и непочитување на основните сообраќајни правила, што претставува ризик како за самите возачи, така и за останатите учесници во сообраќајот.
Меѓу најчесто забележаните ситуации се:
Особено загрижувачка е појавата на возачи на електрични тротинети кои се движат со голема брзина во зони каде што има зголемено присуство на пешаци, со што се зголемува ризикот од несакани инциденти и повреди.
Ги повикуваме сите корисници на велосипеди и тротинети да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да се движат одговорно и да покажат поголема сообраќајна култура. Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и само преку взаемно почитување можеме да придонесеме за побезбедна и поуредна сообраќајна средина за сите граѓани.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, совесни и одговорни, со цел да се намалат ризиците и да се зголеми безбедноста на јавните површини и сообраќајниците.
|