Датум на објава: 07.01.2021
Денеска би сакале да ве запознаваме со Мартина Николовска, млада, амбициозна и девојка со авантуристички дух. Мартина е од Битола, но знае „да го живее светот на дланка“. За себе вели дека не се сеќава на првиот момент кога се заљубила во планината и патувањето. Вели дека тоа започнало спонтано. Уште од најраните години кога започнала средно училиште, слободното време го користела за на велосипед до Ниже Поле. Таму со својата другарка ги оставале велосипедите заклучени на барикадата на оградата и пеш се искачувале до Големото Езеро. Честопати се случувало да преспијат горе, а понекогаш се случувало да брзаат назад за да стигнат на училиште.
Планината ја сака поради мирот и тишината. Мартина вели дека таму можете да се пронајдете себеси да заборавите на проблемите и уживате.
Не е важно дали е лето или зима, Пелистер не би го заменила со ниту еден друг. Тој и е првата љубов и омилено место за да побегне од гужвата.
Заљубена е во велосипедизмот. Секоја слободна прилика ја користи за на велосипед.
Има реализирано доста тури. Од Битола до Маврово, од Битола преку Галичица околу Охридското езеро. Она што го издвојува како поголем успех е туртата по Јадранската магистрала во времетраење од 11 дена и поминати 1337 километри и турата од Белград до Хамбург каде има извозено 1924 километри.
За неа планинските тури со велосипед се едни од омилените. Предизвик и е да виде што е можно повеќе од нашата недопрена убавина која ја имаме а која не може секогаш да се долови преку фотографија.
Во 2021-ва има планови да се искачи со својот велосипед на нови врвови и да раскаже нови приказни. Советите на Мартина до секој оној кој размислува да започне со ваков вид на рекреативно активен туризам да биде претпазлив со планините. Бидејќи тие, како што вели таа, си имаат свои правила.
Извор: Кајак.мк