Датум на објава: 31.05.2022
По повод 3 јуни ден на велосипедизмот, Црвен крст Охрид, во рамките на програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), организира еко возење со велосипеди, под мотото
„Биди екологист, а не песимист”
Целта е со овој настан да се поддигне нивото на еколошката свест кај младите и поттикне нивното конкретно делување во насока на заштитата на животната средина.
Да се сплотиме сите заедно и со мали чекори да направиме големи промени за планетата Земја да биде подобро место за живеење.
Настанот ќе се одржи на 02 јуни со почеток-старт во 19:00 часот од кај паркот Куба Либре.
Влезната карта за учество ќе биде 50 денари, а собраните средства ќе се искористат за уредување на иден локален парк.
На финалната локација Горица 3 учесниците ќе ги „чека“ освежување и прекрасна забава.
Биди и ти екоактивист!
Што се тоа “ПХВ-младинци”?
Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р. Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 40 дисеминатори кои работаат со младинците.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.
Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења. Како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои му помагаат на ранливото население. На годишно ниво се изработуваат од 150 до 200 мали проекти преку кои им се помага на околу 3.000 лица во нашата земја, на некои краткорочно додека пак за некои помошта е долгорочна.
Извор: Црвен крст - Охрид