Датум на објава: 29.10.2025
Почитувани велосипедисти и поддржувачи,
Во годината кога Travelers Cycling го прославува својот 5-годишен јубилеј, а Travelers.mk полни 10 години постоење, со големо задоволство ве известуваме дека нашата мобилна апликација Travelers Cycling Macedonia е веќе достапна за сите корисници на Google Play Store.
Апликацијата е создадена со цел да го олесни користењето на велосипедот во урбана средина, да овозможи побезбедно движење, како и да го поттикне изборот на велосипедот како поздрав, еколошки и поиздржлив начин на транспорт.
Како новитет, додаваме функционалност за следење на временска прогноза интегрирана директно во апликацијата, со што можете подобро да ја испланирате вашата опрема, рута и време на тргнување.
Оваа новина е од особено значење за секојдневните велосипедисти кои сакаат да избегнат дожд, силно сонце или непредвидливи временски промени.
Како и до сега, преку апликацијата можете:
да испланирате рута по означени велосипедски патеки,
да најдете велосипедски паркинзи, чешми/фонтани и корисни точки во градот,
да следите информации за препреки на патеките,
да откривате off-road патеки,
да добивате новости, совети и настани од вело заедницата,
да проверувате делови со сенка користејќи го движењето на сонцето низ денот.
Сите овие можности остануваат активни, со континуирани подобрувања според реалните потреби на велосипедистите.
Продолжуваме да ја подигнуваме велосипедската култура во Македонија и да ве охрабруваме да ги оставите автомобилите дома. Со тоа заеднички придонесуваме кон:
намалување на загадувањето,
помал метеж,
повеќе зелен, урбан и здрав начин на живот.
Апликацијата е достапна на Google Play Store, а верзиите за останатите оперативни системи се веќе во изработка и ќе бидат објавени наскоро.
Ви благодариме што сте дел од оваа приказна.
Вие сте причината да продолжиме да создаваме алатки кои ја унапредуваат велосипедската заедница низ Македонија.
Продолжете да возите, да истражувате и да дишете почист воздух.
Вози Велосипед Секој Ден!
Со почит,
Travelers Cycling
|