Датум на објава: 13.04.2021
Франција ќе им нуди можност на сопствениците на стари автомобили со внатрешно согорување да ги предадат своите возила за отпад за возврат од 2.500 евра, со цел да купат електричен велосипед, јавува Ројтерс.
Пратениците во Собрание ја одобрија мерката на прелиминарното гласање. Тоа е амандман на нацрт-законот за клима што поминува низ парламентот и има за цел да ги намали емисиите на стакленични гасови за 40% до 2030 година од нивото во 1990 година.
Доколку биде усвоена, Франција ќе стане првата земја во светот што ќе им понуди на луѓето шанса да тргуваат со возило што старее за електричен или преклопен велосипед, соопшти Француската федерација на корисници на велосипеди (ФУБ).
„За прв пат признаваат дека решението не е да се направат автомобилите позелени, туку едноставно да се намали нивниот број“, рече Оливие Шнајдер од ФУБ.
Извор: Радио Моф