Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Ќе се гради нова велосипедска патека до Јурумлери

Датум на објава: 15.03.2021

Општина Гази Баба ќе почне со изградба на пешачка и велосипедска патека покрај реката Вардар на потегот од мостот „Тодор Александров“ (поранешен мост „Близнаци“) до Железниот мост кај населеното место Јурумлери во должина од 8 километри. Со тоа љубителите на пешачењето и велосипедизмот ќе имаат непрекината патека за движење од Сарај до Јурумлери од левата страна на Вардар.

Ова е барање уште од поодамна на жителите во овој дел на Скопје кои сакаат со уредени патеки покрај Вардар да се поврзат со центарот на градот. Истото барање е и од граѓанската иницијатива „На точак“, кои сметаат дека градоначалниците треба да имаат повизионерски политики за продолжување на патеките по кејот на Вардар кон исток и запад, кон Јурумлери и кон Сарај, кога би ги решиле прекините овој во Центар и би го поврзале остатокот од велосипедската мрежа со возливи рампи кон кејот од секој мост.

– Прва наредна обврска што општината ќе ја реализира е изградба на пешачка и велосипедска патека од мостот кај салонот на „Мерцедес“ до железничкиот мост во Лисиче, со должина од близу 8 километри. Така добиваме безбедна патека, уредена и осветлена, на располагање на граѓаните. Со овој проект го уредуваме и останатиот дел покрај реката Вардар, со што на граѓаните им овозможуваме услови за спортување и рекреација тука во својата општина – вели градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.

Смета дека во овие услови на пандемија, спортувањето и рекреацијата кај секој од нас се виде како потреба за да можеме полесно да го поминеме целиот хаос што овој вирус го направи.

– Наша обврска како општина е да овозможиме пристојни услови за рекреација и затоа посветени работевме на нашата цел да ги подобриме условите за спорт во општината. Градиме нови спортски сали во основните училишта и ги реконструираме веќе постојните. Изградивме нова спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, а започна и изградбата на салата во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци. Заедно со градот Скопје се изградија нови велосипедски патеки поред улицата „Благоја Стефковски“, булеварите „Александар Македонски“ и „Киро Глигоров“. Па, сега има велосипедски патеки кои ги поврзуваат населбите Хиподром, Ченто, Маџари, Триангла и Автокоманда – истакна Георгиевски.

Тој најавува и изградба на спортско рекреативен центар во Црешево, како и реконструкцијата на фудбалскиот терен кој се наоѓа во месноста Росов Рид во Булачани и фудбалското игралиште во Страчинци.

Извор: Вечер

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk