Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Приказната продолжува - критична маса 85

Датум на објава: 27.09.2020

Оваа среда, 30.09.2020, како последна среда во месец Септември, со почеток од 17:30 часот, во Скопје ќе се одржи 85-та Критична Маса. Организатор на овој настан повторно е здружението НаТочак.
Темата на овој настан ќе биде "Приказната продолжува", која има за цел да ги потсети сите граѓани дека велосипедот е најздравото превозно средство, кое полека но сигурно станува се поприсутно на улиците. Но, за велосипедистите да се чувствуваат побезбедни, потребно е да се овозможи #ПросторАнтиКорона , што значи дека една коловозна лента за движење на возилата, потребно е да се пренамени за велосипедистите. Со тоа уште повеќе граѓаните ќе бидат мотивирани да го изберат велосипедот за свое превозно средство.
Овој метод се применува во многу градови низ Европа. За жал, во Скопје сеуште не е одстапена ниту една коловозна лента.
За таа цел, во среда, земете го вашиот велосипед и бидете во 17:30 часот на плоштадот Македонија во Скопје
Повеќе детали за настанот можете да најдете на следниот линк: Критична маса #85
Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk