Датум на објава: 23.02.2022
Вечерва во Скопје се возеше 89-та Критична Маса во организација на групата НаТочак. Темата на оваа критична маса беше поттикната од неодамнешниот несакан случај кај трговскиот центар Сити Мол, каде поради возачко невнимание животот го загуби млада девојка. Целта на овој настан беше да им се оддаде почит на сите пешаци и велосипедисти кои настрадале во сообрајќајна несреќа по вина на невниманието на возачите.
Според неофицијалните бројки, на настанот поддршка дадоа околу 200 велосипедисти, кои непоколебливо дојдоа и покрај тоа што сепак станува збор за месец Февруари. Голем дел од нив секојдневно го користат велосипедот како превозно средство до своите работни места или за исполнување на дневните активности, и истите точно знаат со какви се предизвици се соочуваат кога преминуваат улица или кога се движат по неа.
Пораката упатена од НаТочак е бројот на жртви да се сведе на нула, и да имаме безбеден сообраќај за сите. Да не се брзаме кога возиме автомобил, велосипед или сме пешаци, како и повеќе да обрнеме внимание кон поранливите учесници во соораќајот.
Во продолжение ви препуштаме да уживате во прекрасните глетки на улиците полни со велосипеди. Нека ваквите слики бидат стандардна пракса секој ден.