Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Македонски велосипедисти и планинари го искачија Килиманџаро

Датум на објава: 17.02.2021

Група на македонски планинари и велосипедисти рано утрово направија огромен успех, откако се искачија на највисокиот врв на планината Килиманџаро во Африка, Ухуру (5895 мети).

Велосипедистите Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Илја Деревјев, Русин кој неколку години живее во Скопје, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Нацков Кире и Филип Христов испишаа историја во авантуристичките спортови во Македонија. Тие во 05.50 часот по локално време застанаа на покривот на Африка.

Нив им беа потребни пет дена за да ја остварат оваа мисија, која на социјалните мрежи беше поздравена од целата македонска јавност.

Одлуката да се искачи највисоката точка на Килиманџаро била донесена во текот на вчерашниот ден, откако се дознало дека ќе има значително влошување на временските услови.

Ова е уште еден позитивен знак за македонските рекреативци, кои продолжуваат да ја промовираат нашата земја насекаде низ светот.

Извор: Фокус

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk