Датум на објава: 19.04.2021
Здружението за планински спортови, туризам и млади PATHFINDERS од Берово, во недела (25.04.2021), организира велосипедска обиколка низ Малешевијата. Оваа тура ќе ви овозможи да се запознаете со убавините кои ги нуди овој предел, прекрасната природа, пејзажи кои оставаат без здив, и уште многу благодети на природата кои можат да се видат и искусат само со велосипед.
Турата се планира да започне од градот Берово, од каде се продолжува кон градот Пехчево, па потоа се минува низ селата Чифлик, Умлена, Робово, Мачево, Владимирово и Русиново, за на крај, да се заврши повторно во градот Берово. Турата е од средно – лесен карактер, а тоа значи дека може да учествуваат и лица со послаба физичка подготвеност.
Ова е ретка можност за авантуристите, кои до сега немаат возено на организирани велосипедски тури, со велосипед да ги истражат убавините на Македонија. А сите знаеме дека токму Малешевијата го носи називот „Швајцарија на Балканот“ и е иделно место за почеток за такви доживувања.
Она што треба да ви е потребно да го понесете на турата е стандардната опрема за возење на локален и регинален пат, додека пак насмевката сама ќе си дојде. Вашите спомени и сеќавања, ќе се паметат долго.
За крај, мора да напоменеме дека заради организација и безбеднисни причини, пријавувањето задолжително се прави претходно во PATHFINDERS.
Повеќе детали за настанот може да најдете на следниот настан.