Датум на објава: 24.06.2026
Travelers Cycling продолжува со развојот на своите веб и мобилна апликација, преку воведување нови функционалности кои имаат за цел да го подобрат искуството на велосипедистите и да обезбедат практични информации за секојдневното користење на велосипедот.
Најновата надградба овозможува преглед на мапирани локации на самоуслужни перални каде корисниците можат да го исчистат својот велосипед. Со оваа функционалност, велосипедистите можат лесно да пронајдат соодветна локација за одржување на својот велосипед, особено по подолги рекреативни или спортски возења.
Новата опција е интегрирана во мапата на апликацијата и овозможува брз и едноставен пристап до информациите за достапните самоуслужни перални. На овој начин, корисниците добиваат дополнителна алатка која придонесува за подобро одржување на велосипедите и поголема удобност при нивното користење.
Развојот на Travelers Cycling е континуиран процес. Тимот постојано работи на воведување нови содржини и функционалности кои ќе придонесат за подобро корисничко искуство и ќе ги поддржат потребите на велосипедската заедница.
Ги повикуваме сите корисници редовно да ја користат апликацијата и да ги следат нашите канали за комуникација, каде навремено ќе бидат информирани за сите идни надградби и новитети.
|