Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Меѓугранично велосипедско поврзување Зрењанин - Темишвар

Датум на објава: 12.04.2021

Во изминатиот период интензивно даваме примери од земјите од регионот, каде што интензивно се вложува во изградба и подобрување на велосипедската инфраструктура, како и реализација на проекти за изгрдба на регионални велосипедски патеки. Секогаш кај нас оправданието гласи „ние сме Македонија“, со понижување и деградирање на државата, како и самооправдување колку Македонија е сиромашна држава.

Нашиот денешен пример, не е ниту од Германија, ниту од Швајцарија, денешниот пример е од соседна Србија.

Кон крајот на 2020 година, во Србија заврши комплетната изградба на меѓуграничната велосипедска патека од Зрењанин (Србија) до Темишвар (Романија). Вкупната должина на патеката изнесува 75 километри, и поврзува 12 населени места. Патеката има големо значење, со тоа што населените места имаат мало растојание, и честата миграција на граѓаните од место до место е многу побрзо, поефективно и поисплатливо.

Според очекувањата, по оваа патека се очекува да поминат околу 8000 луѓе во текот на една година. Овој податок е многу значаен и за помалите населени места низ кои минува патеката, сметајќи дека барем 5-10% од велосипедистите ќе застанат во некоја локална продавница, некое локално кафуле, со што и приливот во овие мали села ќе се зголеми.

Дополнителна корист од патеката ќе имаат и велосипедистите рекреативци, кои во се поголем број возат по оваа патека, привлечени од фактот што возат во друга држава. Покрај сето тоа, патеката нуди и прекрасни пејзажи низ полињата во областа Банат, па ќе биде привлечна и за фотографите кои би чекале изгрејсонце или зајдисонце токму по оваа патека.

Во продолжение погледнете го растојанието помеѓу населените места и самите проценете дали ваквите патеки може да бидат корисни во Македонија

Фото: International CyclePath Zrenjanin - Timisoara

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk