Датум на објава: 16.03.2023
Пролетта е пред прагот и времето конечно ќе почне да се разубавува. Тоа значи и дека велосипедските патеки ќе почнат да се преполнуваат со велосипедисти. Зад нас ја оставивме најбројната зима (ако може да се осудиме да ја прогласиме за завршена). Секако, најбројна по бројот на велосипедисти по патеките. Во претходната 2022-ра година, секој велосипедист, пешак, возач можеше да забележи дека патеките во Скопје се преполни.
Според нас, за да биде тоа така, допринесоа повеќе фактори, меѓу кои најважен фактор е вирусот, кој за жал одзеде многу животи, но од друга страна екстремно ја подигна совеста кај населението за своето психичко и физичко здравје. Населението сфати дека дел од лекот е во возењето на велосипед. Следни фактори кои го зголемија бројот на велосипедисти беа и Ковид мерките во јавниот превоз, зголемениот метеж по улиците, реконструирањето на голем дел на клучни улици и булевари, редуцираните линии на Јавното Сообраќајно Претпријатие, намалување на начинот за „работа од дома“, зголемениот број на велосипедски патеки, подобрите временски услови и сл.
Искрено очекуваме тој тренд на зголемување на бројот на велосипедисти да продолжи и оваа година, и по патеките да гледаме уште повеќе велосипедисти.
При недостаток на велосипедски бројачи, веќе неколку години по ред, од нашите секојдневни движења по патеките, правиме сопствена статистика за активниот број на велосипедисти кои го користат велосипедот како транспортно средство до работа / училиште.
Па така кога одиме на работа со велосипед, периодично, во интервал од 10 минути на строго одредено растојание (1,8 км) во центарот на градот броиме велосипеди / тротинети во една насока (исток - запад). Мора да напоменеме дека ова се ориентациони бројки кои укажуваат на зголемување / намалување на велосипедисти по патеките.
Споредено со 2021-ва година, во измината 2022-ра година бројот на велосипедисти се зголемил просечно за 30,1%. Оваа екстрена бројка која многу радува се должи на сите фактори кои претходно ги напоменавме. Зголемување на бројот имаме во секој поединечен месец.
Ги охрадбруваме градските власти да стават акцент на велосипедистите, затоа што промени се случуваат!
Детален приказ по месеци: