Датум на објава: 16.07.2021
Властите во холандската покраина Утрехт вчера ја отворија, како што велат, „најдолгата сончева патека за велосипеди во светот“, поврзувајќи одржлив извор на енергија со превоз без загадување.
Учениците на околното основно училиште први се возеа по оваа патека долга само 330 метри во селото Мартенсдијк, близу градот Утрехт. Се состои од готови бетонски блокови покриени со тенок проѕирен заштитен слој којшто овозможува продирање на сончевата светлина во соларните ќелии во бетонот, којшто на тој начин создава електрична енергија.
Провинцијата Утрехт работи на намалување на емисиите на јаглерод. Целта на пилот-проектов е да се утврди – дали ваквите двонаменски патишта можат пошироко да се користат за производство на електрична енергија со употреба на сончева енергија и во истовреме, да им служат на велосипедистите?
– Тоа е многу важно. Ние сакаме да бидеме неутрални во однос на климата до 2040 година, и затоа мора да осмелиме како да користиме вакви иновации… А, ова е прилично иновативно. Нашата покраина е многу густо населена и има малку простор, па затоа треба да се испроба оваа двојна употреба, рече Арне Шаделе, официјален претставник на покраината.
Според ова, ако патиштата може да се користат за производство на енергија, тоа е двојна предност за тамошните жители.
Извор: Frontline