Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Добредојдовте

Датум на објава: 25.07.2020

Од денес, официјално, со функција започна новата веб апликација Travelers Cycling чија цел е да им користи на сите велосипедисти, авантуристи и љубители на природата. Со помош на апликацијата, може да се информирате за велосипедските патеки во градовите низ Македонија, да го пронајдете најблискиот паркинг за велосипеди, кога имате потреба да ја пронајдете најблиската пумпа за воздух, како и најблискиот јавен пункт со алатки за поправање на велосипеди. Овие функционалности ја прават апликацијата да биде единствена од ваков тип во Македонија. Базата на податоци секојдневно се ажурира и збогатува со нови податоци и информации, затоа, бидете активни и следете не на нашите социјални мрежи (Instagram и Facebook), како и на веб страната. Во блиска иднина пристигнуваат и други опции кои би Ви биле корисни додека сте со Вашиот велосипед.

Доколку сте во можност, за податоците да бидат побогати, би можеле да допринесете и вие со тоа што ќе ни испратите слика од патека, паркинг, пумпа или пункт со алатки за сервис кои недостасуваат на апликацијата, а со тоа ќе им помогнете на сите останати велосипедисти полесно да ги пронајдат.

На апликацијата исто така може да најдете и најразлични информации поврзани со велосипедите, да научите како да го изберете најсоодветниот велосипед за Вас, како најправилно да го користите и одржувате истиот. Исто така ќе бидат објавувани информации за велосипедски настани кои би се одржувале низ целата земја.

Паралелно со апликацијата, постојат и Instagram и Facebook профили, каде што споделуваме фотогафии од предлог места за посета, како и линкови од статии поврани со велосипедизмот. Можете да не следите на следните линкови:

Instagram и Facebook

На овие профили можете слободно да ни испраќате фотографии од предлог места до кои може да се стигне со велосипед, а ние би ги објавиле и споделиле со другите. И најбитно, не заборавајте да го одберете вашиот велосипед како превозно средство, живејте здраво, и допринесувајте за почист воздух и чиста животна средина.

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk