Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Општина Аеродром го промовира велосипедизмот како здрав начин на живот

Датум на објава: 30.03.2021

Општина Аеродром заедно со наставниците по физичко образование и ученици од сите училишта денеска го промовираа велосипедизмот како спортска активност од која сите имаме повеќе придобивки. 

Учениците возеа велосипеди тргнувајќи од велосипедскиот полигон во рамките на дворот на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ каде неодамна е обновена хоризонталната и вертикалната сигнализација. Тие поминаа по новите велосипедски патеки покрај булеварот „АСНОМ“. 

„Ние како Општина секогаш даваме поддршка за сите настани кои се поврзани со учениците и спортот. Возењето велосипед е спорт од кој сите имаме повеќе придобивки, здраво тело, но и зачувување на здрава и чиста животна средина“, порача градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. 

Инаку, Општина Аеродром и оваа година планира да распише јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипед, како и изминатите две години, за што кај аеродромци постои голем интерес. 

Настанот беше во организација на Општинскиот сојуз за училиштен спорт на Општина Аеродром и невладината организација „Еко Лоџик“ и се одржа според препорачаните протоколи на Министерството за здравство.

Извор: Скопје Инфо

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk