Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

„Пехчево на точак“ - низ Малешевијата

Датум на објава: 06.06.2022

Почитувани љубители на планинскиот велосипедизам, почитувани уживатели на природата и спокојот, почитувани ентузијасти, и оваа година „Пехчево на точак“ ја продолжуваат традицијата на организирање на планинско возење низ пределите на Малешевијата (Општина Пехчево)!
Во сабота, на 25.06.2022, со почеток на велосипедската тура во 9:30 ч. со старт од центарот на Пехчево!
Опис на патеката:
-    Средно тешка
-    Должина на патеката 33 км.
-    Висинска разлика од 900м.(се тргнува на околу 1000 м за да се достигне највисоката точка од 1932 м)
-    90% од патеката е off-road

Потребна опрема:
-    Планински велосипед
-    Задолжително носење на кацига
-    По можност да се поседува и шушкавец за заштита од дожд (горе на врв условите се планински и може да се начека магла, дожд и силен ветер)
-    По можност да се поседува резервна гума

Физичка подготвеност:
-    Не се препорачува за неискусни и почетници (физички неспремни)

Од храна треба да се носи по сопствена режија (енергетски барови, енергетски пијалоци, лесно сварлива храна, вода)! Организацијата е поддржана од Општина Пехчево. Организаторите упатуваат огромна благодарност до Хотел Гогов – Пехчево за досегашната заложба во претходните организации без кои традицијата не би продолжила.
Од страна на Општина Пехчево е обезбедено возило за техничка поддршка и медицинско лице. Дел од организацијата се ентузијасти со огромна љубов кон велосипедизмот, спортот, природата како и кон Пехчево и неговите убавини.
Учеството е бесплатно, па заради тоа потребно е само да се појавите и уживате заедно низ убавините што ни ги нуди Малешевијата.
Организаторите не одговараат за авантури на поединци кои се одделуваат од групата.

Воедно организаторите ги повикуваат и љубителите на планираењето, бидејќи е можно да се формира и планинарска тура доколу има доволен број на пријавени

За повеќе информации можете да се обратите дирекно кај Александар Бојчевски.

 

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk