Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Се отвора новата велосипедска патека на Водно

Датум на објава: 02.10.2020

Љубителите на планинарскиот велосипедизам од утре ќе може да возат по новата нагорна пионерска патека на Водно, која е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.

Официјалното отворање на патеката ќе биде во 12 часот на средно Водно, а претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар во организација на „Прв до врв“. Натпреварот ќе почне во 10 часот од полициска станица Водно и секој натпреварувач ќе стартува на 20 секунди, а учеството е бесплатно.

Со изградбата на велосипедската патека на Водно, се отвора ново поглавје во туристичката понуда на Скопје, но и на Република Северна Македонија.

Тргнувајќи од фактот дека велосипедскиот туризам се реализира преку програмата за развој и промоција на туризмот во шест држави од Западен Балкан, и Градот Скопје ја изгради оваа сертифицирана вело – патека што ги исполнува условите за организација на меѓународни натпревари на северните падини на Водно.

Новата планинска велосипедска патека е со променлива широчина (најмногу до 3 метри), со вкупна должина од 3.432 метри и се протега од полициската станица се до Средно Водно. За да се зголеми безбедноста на сите посетители на Водно, таа е посебна патека наменета исклучиво за велосипедистите, односно целосно одвоена од патеките на Водно што се наменети за пешаци и планинари.

Поектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно се реализираше во соработка и е кофинансиран од Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council).

Извор: Град Скопје

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk