Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Полицајци на велосипеди во Охрид

Датум на објава: 01.05.2021

Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид, но и остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.

-Предвидено е, патролата активно да се  вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот. Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот. По проектна иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе во јули 2008 година, со претходна професионална обука за посебните техники на полициско велосипедско патролирање, се вели во соопштението на СВР Охрид.

Извор: Локално

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk