Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Поставени нови столбчиња за поголема безбедност

Датум на објава: 31.05.2022

Екипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје деновиве поставија 70 заштитни столпчиња на повеќе градски сообраќајници за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки.

Заштитни столпчиња екипите на ЈП Улици и патишта денеска  поставуваат на улицата Јордан Мијалков, на која во изминатите денови веќе поставија 30  столпчиња.  Екипите деновиве поставија  и  над 40 заштитни столпчиња на булеварот Кузман Јосифовски Питу, булеварот Трета македонска бригада, на крстосницата на  булеварот Јане Сандански со улицата Фрањо Клуз и на улицата Васил Ѓоргов.

Екипите на ЈП Улици и патишта ќе продолжат да  поставуваат заштитни столпчиња  и во наредниот период на  сите сообраќајници за да се олесни движењето и да се зголеми  безбедноста на пешаците и за да се спречи непрописното паркирање на возилата.

 

Извор: Град Скопје

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk