Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Пуштена во употреба патеката до Момин Поток

Датум на објава: 19.07.2021

Град Скопје заврши со проширувањето во булевар на улицата Никола Карев на потегот од крстосницата кај касарната Илинден до Момин поток во должина од 980 метри. Булеварот сега е со четири коловозни ленти, по две во двата правци, велосипедска и пешачка патека. На потегот кај ридот изграден е потпорен ѕид во должина од 690 метри, поставена е нова атмосферска канализација и лед осветлување од двете страни.

– Оваа делница со децении стоеше како проблем во Скопје и сега за седум месеци успеавме да изградиме нов булевар и изведовме велосипедски и пешачки патеки, ќе биде засадено висококвалитетно зеленило со што овој потег ќе добие сосема нов лик. Станува збор за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница користена е и од оние што само минуваат низ овој дел на градот. Оваа сообраќајница ќе се надоврзе и на новата клучка кај Момин Поток чија изведба ќе започне наредната недела, а со нејзиното завршување очекуваме значително да се намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот , кажа градоначалникот Петре Шилегов.

Извор: Скопско Ехо
 

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk