Датум на објава: 22.03.2021
Општина Охрид започна со реконструкција на улицата „Јане Сандански“ на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улиците „Сирма Војвода“ и „Даме Груев“ и рехабилитација на целокупната водоводна линија.
Според планираното, ќе биде извршена комплетна промена на водоводната мрежа од азбесно-цементни цевки, која е стара повеќе од 50 години. Со ова, конечно ќе бидат надминати долгогодишните проблеми на граѓаните кои живеат на овој потег од градот. – истакна градоначалникот Константин Георгиески, кој заедно со надлежните од Секторот за комунален развој сообраќај и улици, денеска изврши увид на започнатите градежни активности.
Според планираното, ќе биде извршена комплетна промена на водоводната мрежа од азбестно-цементни цевки, која е стара повеќе од 50 години, со што, според грагоначалникот, конечно ќе бидат надминати долгогодишните проблеми на граѓаните кои живеат на овој потег од градот.
Ќе се врши изведба на нов цевковод во должина од 700 метри и две секундарни линии од двете страни на улицата со вкупна должина од 1200 метри. Цевките на главниот цевковод ќе бидат од лиено железо со димензија Ф200, а на секундарните линии ќе бидат поставени цевки со димензија Ф100. Активностите ќе ги изведува „Вардарградба“ ДОО Скопје. Ќе бидат инсталирани и 6 противпожарни хидранти на крстосниците со попречните улици. За новата водоводна мрежа од буџетот на Општина Охрид се издвоени 15.231.078 денари. Во оваа сума не се вклучени трошоците за новите приклучоци на домаќинствата кон новата водоводна линија, кои исто така ќе бидат покриени од страна на општината. – најави Георгиески.
Во рамки за проектот за реконструкција на улицата „Јане Сандански“ предвиден е нов асфалт за коловозната лента и реконструкција на троторите од двете страни на улицата. Ќе бидат изведени велосипедски патеки, локации за паркирање, две автобуски постојки и две локации за такси превозници. Се работи за значајна инвестиција за модернизирање на градската инфраструктура, додава Георгиески.
Исто така, ќе биде извршено и асфалтно поврзување и нивелирање на коловозот со сите попречни улици кои гравитираат кон улицата „Јане Сандански“. Предвидено е подигнување на нов дрворед, поставување на ново улично осветлување и соодветна сообраќајна сигнализација. Според проектираната вредност, за реконструкцијата на оваа сообраќајница, ќе бидат издвоени 14 милиони денари од општинскиот буџет. Целокупната инвестиција на Општина Охрид за улицата „Јане Сандански“ ќе достигне околу 30 милиони денари. – истакна Георгиески.
Бидејќи се работи за сложени градежни активности, со цел да се обезбеди поголема безбедност на сообраќајот воведен е посебен сообраќан режим на оваа улица. Општина Охрид апелира до граѓаните за поголемо трпение и поддршка во текот на реализацијата на овој значаен проект.
Извор: OhridNews