Датум на објава: 04.02.2021
Возењето велосипед, електричен велосипед или пешачењето може да ја ублажат климатската криза, дури и доколку само еден ден во неделата се користи овој активен транспорт, место автомобилот. Тоа го покажа новата студија на истражувачите од катедрата за студии по транспорт на Универзитетот во Оксфорд.
Намалувањето на штетната емисија не може да се постигне без драстично намалување на моторниот транспорт, ценат екпертите по транспорт на Универзитетот во Оксфорд. Според британските научници, преоѓањето на активен транспрот, значи возење велосипед или пешачење, може да помогне за емисијата на СО2 по човек да се намали за една четвртина.
Ова е прва студија за тоа како промените во животните навики во градските средини можат да влијаат врз намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид.
Студијата се базира врз следењето на близу 2.000 лица што секој ден минуваат одредено растојание до работното место. Анализата покажа дека со замена на само едно возење дневно со велосипед, наместо со автомобил, ја смалуваат својата емисија на СО2 за 0,5 тони на годишно ниво. Тоа претставува зналително намалување на емисијата.
Истражувачите заклучуваат дека замената на моторизираното со активно патување, со зголемено користење велосипед или пешачење, во подолг рок води кон намалување на емисијата на СО2 што потекнува од мобилноста. Накратко, има голем ефект.
Британската анализа доаѓа во почетокот на 2020-те, којашто треба да биде „деценија на акција“, со цел да се забави климатското затоплување. Во месец ноември претходната година се одржува климатскиот самит COM26 UN.
Од градовите што се опфатени во студијата, просечната емисија на СО2 по жител, што произлегува од транспортот (исклучувајќи авио-летови и железница), во Велика Британија се движи од 1,8 тон СО2 по човек на годишно ниво, до 2,7 тони СО2 во Австрија. Според Глобалниот Атлас за јаглероден диоксид, за Велика Британија, просечната емисија на СО2 по жител од сите активности, изнесува 8 тони годишно.
Др. Бренд објаснува: „Вообичаен одговор против климатската криза е ‘нешто да се преземе’, од типот на садење дрва, или преоѓање на електрични возила. Сето тоа е важно и делотворно, но е недоволно доколку се сака брзо да се исполнат амбициозните климатски цели.“
Извор: Аутомедиа