Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Субвенции за набавка на велосипеди ќе добијат жителите на Кочани

Датум на објава: 30.01.2021

Општина Кочани ќе им додели субвенции на граѓаните кои во наредниот период ќе набават велосипед, како една од индиректните мерки за намалување на загадувањето на воздухот.

За почеток со овој проект е предвидено да се обезбеди покривање на дел од трошоците за набавка на стотина велосипеди, за што програмата за заштита на животната средина во општинскиот буџет се издвоени 350 илјади денари, односно висината на поединечна субвенција ќе изнесува три илјади денари по барател.

Во одлуката за субвенционирањето, меѓу другото е нагласено дека барателите на финансиска помош треба да се жители на општина Кочани, а распределбата ќе се врши според принципот „прв дојден, прв услужен”, сè до искористување на предвидените средства.

-Целта на оваа мерка е да продолжиме со подигање на јавната свест за зачувување на животната средина и да поттикнеме поеколошки превоз, како замена на користењето на автомобили и други моторни возила. Истовремено, ќе придонесеме за извесно намалување на метежот од возила по градските улици. Заедно со субвенционирањето на набавката на инвертер климатизери и печки на пелети, ова се само дел од активностите за редуцирање на загаденоста на воздухот на локално и регионално ниво, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Членовите на Советот на Општина Кочани, кои на денешната седница дадоа поддршка на одлуката за субвенционирање на набавката на велосипеди, побараа во наредниот период да се направи ребаланс на буџетот и да се обезбедат дополнителни средства за оваа намена.

Беше упатен јавен повик до сите вработени во општинската администрација, до членовите на Советот и до нивните блиски во семејствата, од етички и морални причини да не поднесуваат барања за субвенции.

Извор: Бизнис Вести

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk