Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Субвенции за набавка на велосипеди во Општина Велес

Датум на објава: 28.03.2021

Советот на Општина Велес на вчерашната седница даде зелено светло за предлогот на градоначалникот – да се издвојат 1,5 денари од општинскиот буџет за подобрување на амбиенталниот воздух и за енергетска ефикасност. Со средствата ќе се субвеционираат граѓаните кои ќе купат велосипед, термален сончев колектор и инвертер.

Како што информира за МИА претседателот на Советот, Ќирил Гајдов, од вкупно предвидените 1,5 милиони денари, 400.000 ќе бидат за субвенционирање купен велосипед, 600.000 за купен колектор и 500.000 за инвертери.

-При тоа има одредени правилници по кои треба да се придржуваме. Јавниот оглас ќе биде пуштен од страна на Општината и граѓаните ќе бидат навреме известени. Принципот ќе биде „прв пријавен, прв услужен”. Не се големи средства, но сепак се доволни за да мотивираме и други граѓани да купат таков вид енергетски ефикасни грејни тела, економски и еколошки, како и велосипеди, со цел да го подобриме физичкото здравје на граѓаните, потенцира Гајдов.

Тој појасни дека за набавка на термален сончев колектор граѓаните ќе бидат субвенционирани со 50 проценти од неговата цена односно не повеќе од 20 илјади денари. При набавка на велосипед е исто така до 50 проценти и не повеќе од 3 илјади денари, додека за набавка на инвертер 30 проценти, но не повеќе од 15 илјади денари по граѓанин.

Лани имаше огромен интерес кај велешани за овие субвенции. Општина Велес во 2020 година за сончеви колектори и велосипеди издвои еден милион денари.

Извор: Бизнис Вести

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk