Датум на објава: 30.03.2022
Општина Охрид, со цел да ги стимулира жителите на Општина Охрид за користење на велосипеди, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во Република Македонија од 01.01.2022 година се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик, ќе им надомести дел од трошоците направени при купување на велосипед. Износот на субвенциите изнесува 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 5.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход за невработените лица и студентите.
Право на учество на Јавниот повик има секое физичко лице кое ќе ги исполнува следните услови:
• Да е жител на општина Охрид,
• Да е невработено лице или студент,
• Досега да нема искористено субвенција за купување на велосипед од друг извор на
финансирање или од општина Охрид,
• Новиот велосипед да е купен во нашата држава со датум од 01.01.2022 год., се до
исцрпување на буџетот наменет за Јавниот повик.
• Доделувањето на средствата ќе се врши по принципот "Прв дојден, прв услужен" во
периодот од објавување на повикот па се до исцрпување на буџетот наменет за Јавниот
повик.
За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот до општина Охрид треба да достави: - Барање за субвенција за купување на еден велосипед (барањето може да се подигне во архивата на општина Охрид или да се обезбеди од интернет страницата на општина Охрид: www.ohrid.gov.mk);
- Изјава дека барателот до сега нема искористено субвенција за купување на велосипеди од општина Охрид или друг извор на финансирање и дека не е член на потесно семејство на вработен во општина Охрид. Изјавата е достапна на интернет страницата на општина Охрид: www.ohrid.gov.mk;
- Оригинал и фотокопија од фискална сметка или фактура со извод од банка дека е извршена уплатата на барем една рата;
- Невработените лица да достават документ (потврда) дека се невработени, а студентите да достават потврда од факултетот;
- Копија од трансакциска сметка;
Барањата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди заедно со потребната документација, граѓаните во затворен плик ги доставуваат до соодветната Комисија, преку Архивата на општина Охрид, адресирани на ул. Димитар Влахов бр.57, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Извор: Општина Охрид