Датум на објава: 09.02.2021
Сите луѓе, исцрпени од напорната работна недела, со нетрпение ги очекуваат викендите. Исто е и со љубителите на велосипедот, кои едвај ги чекаат викендите за да го земат велосипедот, да отпатуваат некаде далеку, и да ги наполнат батериите за следната работна недела.
Па така, десет членови на тимот Мадал Бал од Скопје, изминатиот викенд го искористија за да направат една прошетка на југот од Македонија со што ќе ја зајакнат нивната сила. Нивната одлука за почетна точка беше градот Неготино, каде што се сретнаа со уште неколку локални велосипедисти, и сите заедно тргнаа накај Демир Капија, од каде продолжија за Гевгелија.
Иако временските услови не беа како тие од претходниот ден, и наместо пролетното сонце од саботата, ги пречекаа тмурни облаци и страничен ветер долж целата рута, тие храбро тргнаа кон исполнување на целта. Тоа не претставуваше никаква пречка за тимот да ја реализира поставената цел од извозени 130 км. И покрај ветерот кој им го отежнуваше движењето, тие го поминаа овој пат за помалку од 3 часа и 30 минути.
Давид Петрушевски, како дел од тимот, состави една прекрасна компилација на видеа и краток пресек од тоа како си поминаа тие. Видеото може да го погледнете во продолжение.
Тимот на Мадал Бал ветува дека нема да престанат да возат и дека ќе не изненауваат со уште поубави компилации