Датум на објава: 28.08.2020
И покрај вонредните услови, во сабота (29.08.2020) ќе се одржи првата трка од легендарното натпреварување Тур де Франс. Иако почетокот на трката е покасно од вообичаеното, сепак велосипедистите се спремни да го започнат големото натпреварување.
За време на деновите поминати во карантин, сите од нив учествуваа во виртуелните трки, кои беа организирани пред се за одржување на кондицијата, како и за одржување на повремени тренинзи на велосипедистите.
Првата трка е со должина од 156 километри, и ќе се вози на југот на Франција, односно ќе има точка на поаѓање во градот Ница, каде што ќе биде и крајот на истата.
Доколку сте љубители на велосипедизмот, и ги следите натпреварувањата од Тур де Франс, а со цел натпреварувањето да ви биде поинтересно, изработена е игра – веб апликација за менаџирање на тимови – Тур де Франс Фантазија (Tour de France Fantasy). Играта се состои од „купување“ на велосипедисти со виртуелни вредносни звездички, односно склучување на договор со велосипедистите да возат за вашиот тим. Поените се собираат со реалните достигнувања и остварувања на избраните велосипедисти во натпреварувањето, или поедноставно, колку подобар пласман имаат вашите членови на тимот, толку повеќе поени ќе соберете. За најдобрите менаџери, предвидени се и богати награди. За регистрација на апликацијата посетете ја страницата на Тур де Франс Фантазија
Вашата најава, и селекција на тим можете да ги извршите најкасно до 29.08.2020 13:00 часот. Проверете ги вашите менаџерски способности низ игра и забава, а тоа можеби и ќе ви се исплати
![]() |
|