Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Вело родео за најмладите

Датум на објава: 27.08.2020

Вело училишта повторно подготвува активности за најмладите. После подолго седење во своите домови, изолирани од вонредната ситуација, време е за активација и потсетување на секојдневните навики кои не смееме никако да ги изоставаме и забораваме.

За таа цел Велоучилишта повторно го организираат настанот Вело родео, кој има за цел преку забава и игра да се поттикнат сите граѓани, почнувајќи од училиштата, се повеќе да возат велосипеди, и со тоа дополнително да се мотивираат и останатите да го изберат велосипедот за свое превозно средство.

Настанот ќе се одржи во вторник – 01.09.2020 година, кога и стандардно започнува школската година, и кога учениците треба да се вратат во своите школски клупи. Местото на настанот е платото кај Млечен (населба Тафталиџе, Скопје), со почеток од 17:00 часот. На овој настан најмладите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини на полигон, како и да ја увидат новата игра, која што Вело училишта ја спремија токму за нив.

И да не заборавиме дека сеуште важат вонредните закони за движење на јавни простори, и посета на настани, односно мора да се придржувате кон сите протоколи.

За повеќе информации за настанот можете да најдете на официјалниот настан на Facebook

Линк до настанот

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk