Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Велоштад - нов модерен паркинг за велосипеди

Датум на објава: 26.09.2020

Започна фазата на реализација и партерно уредување на првонаграденото решение – „Велоштад“ од конкурсот за #ВелоПаркинг, информираат од Град Скопје.

Проектот „Велоштад“ на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска е избран како најкреативен дизајн на велосипедски паркинг кој ќе се постави на локација во склоп на Транспортниот центар Скопје, поконкретно делот кон улиците Владимир Комаров и булеварот Кузман Јосифовски Питу, непосредно до влезот и паркингот за Автобуската станица. Овој предлог е еден од предлозите на 11 тимови учесници на јавниот повик кој го објавиЦентарот за иновации на Град Скопје – Скопје Лаб.

Целта на „Велоштад“ е создавање нова вело локација во градот, а со проектот покрај паркирање, предвидено е овој плоштад да нуди простор за основен сервис на велосипедот, гардероби за брза промена на облеката, кабини за долговремено стационирање на велосипеди и урбана опрема. Со „Велоштад“ ќе се овозможат 12 држачи за 24 велосипеди, како и шест кабини за заклучување на велосипеди за подолг временски период.

Идејата на велопаркингот е да ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди, да промовира интермодален транспорт (велосипед, автобус, воз, итн.) а со тоа и да придонесе кон зајакнување на инфраструктурата за алтернативен транспорт.

Мета.мк веќе пишуваше за проблемите со кои се соочуваат велосипедистите во главниот град, како и за тоа дека низ текот на годините опаѓа бројот на домаќинства што имаат велосипед.

Неодамна, пред парламентарните избори граѓанската иницијатива На Точак ја започна петицијата #МојатаЦрвенаВелоЛинија, со која на политичарите (пратеници и членови на извршната власт) им поставија 10 конкретни барања за унапредување на велосипедскиот сообраќај во земјава.

Извор: Мета.мк

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk