Датум на објава: 12.05.2021
Возењето велосипед помага не само во одржувањето на добра кондиција туку и во зачувувањето на здравјето и превенцијата од болести. За да се постигне саканиот ефект, пожелно е оваа физичка активност да се применува 3 до 4 пати неделно, без оглед на временските услови, велат експертите.
Редовното возење на велосипед троши калории, го отстранува салото и ги зајакнува мускулите. Всушност, секој мускул станува активен, а особено кардиоваскуларниот систем и срцето. Покрај тоа, престојувањето во природа, свежиот воздух и благотворното чувство на слобода и задоволство, делуваат релаксирачки и ослободуваат од стрес.
Со цел во целост да уживате во овој спорт, пред се обрнете внимание на седењето и одредете ја целта за возење. Пронајдете ја својата патека, уживајте во околината додека ги вртите педалите, релаксирајте се и доведете го вашето тело во форма.
Извор: Денар