Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Велосипедска патека во Свети Николе

Датум на објава: 23.01.2021

Посадени се сто садници јасен и платон на новата пешачка и велосипедска патека, која води до локалитетот „Била зора".

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека патеката не е официјално отворена, бидејќи во тек е садењето на садниците и поставувањето на клупи и корпи за отпадоци.

-Посадивме сто нови насади на дрвја, јасен и платон долж патеката што заедно со претходно насадените 320 насади на багрем придонесуваме, патеката во иднина да биде вистинско место за уживање и рекреација. Благодарност до екипите на ЈКП Комуналец и на ТППЕ кои учествуваа во реализацијата на оваа активност. Останува на нас да се грижиме овие нови насади да бидат вистински обележје на подобра еколошка свест на сите граѓани, вели Велковски.

Велосипедската и пешачка патека „Била Зора" е долга два километри и е изградена со околу 20 милиони денари преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа и од буџетот на Општината.

Извор: Канал 5

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk