Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Велосипедска тура по скриените музеи во Скопје

Датум на објава: 11.03.2021

Велосипедскиот социјален центар „Педала“, заедно со Здружението на граѓани „Одржливи иницијативи“и покрај пандемијата со корона вирусот, во зависност од моменталната состојба со пандемијата и мерките и препораките кои ќе ги донесе Владата, се подготвуваат за активности и настани на отворено меѓу кои ќе биде и туристичка велосипедска тура низ скриените музеи на Скопје.

– За оваа активност добивме поддршка од Град Скопје и Министерството за култура. Тоа ќе ни биде особен предизвик бидејќи покрај тоа што знаеме неколку кои не се толку познати за јавноста, како: Музејот на Старата скопска чаршија, Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработување на оружје за време на НОВ 1941-1944, неолитската населба Тумба Маџари, но има и Музеј на народна банка каде се изложени монети од историјата до денес, како и ред други места за кои пошироката јавност не е запознаена. И сигурни сме дека има уште за кои можеби ни ние не знаеме и треба да ги откриеме и да ги промовираме -потенцираат од „Педала“.

И покрај пандемијата со Корона вирусот велосипедскиот социјален центар „Педала“ не е сè уште затворен за јавноста, со оглед на тоа, како што велат, пандемијата придонела за зголемување на бројот на луѓе кои возат велосипед, а тие треба да продолжат некако со образованието и подигањето на свеста околу одржувањето на велосипедот и важноста од исправен велосипед за безбедноста во сообраќајот.

Извор: Вечер

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk