Датум на објава: 31.03.2022
Многумина се прашуваат дали со само триесет минутно дневно возење на велосипед може да се постигне намалување на килограмите како и затегнување на мускулите.
Иако за возењето на велосипед често се чекаат поволни временски услови, се поголем е бројот на велосипедисти кои за да стигнат до своите работни места или да појдат до пријателите, потребно им е само да не врне силен дожд. Ниските температури не се пресудни во одлуката, со само неколку минути возење телото се загрева, и со тоа надворешната температура не игра голема улога.
Возењето на велосипед е одличен начин за вежбање со оглед на фактот што со возењето не се врши преголем притисок на зглобовите, согорува калории, а воедно служи и како превозно средство. Доколку размислувате да го воведете возењето во својата рутина на вежбање, сигурно се прашувате дали на тој начин навистина можете да го подобрите вашето здравје и дали можете да го изгубите вишокот на килограми.
Џенифер Чу, фитнес инструктор и специјалист за слабеење, за Popsugar изјавила дека со само 30 минути возење на велосипед секој ден, може да се постигнат очекуваните резултати. Имено, со 30 минутно возење на велосипед во просек се согоруваат 200 калории, иако тој број зависи од неколку фактори вклучувајќи ги тежината на телото, интензитетот на возење и отпорот.
Се разбира, доколку сакаме во тие триесет минути да го согориме максималниот број на калории, потребно е да го зголемиме отпорот, или поточно да возиме по нагорнини. За подобри ефекти се препорачнува комбинирано забрзување и забавување на темпото. Како што мускулите ни стануваат појаки, можеме слободно да го зголемиме интензитетот, во комбинација со кратки интервали во кои ќе даваме се од себе.
Иако загубата на тежина е возможен со само 30 минути возење на ден, експертите нагласуваат дека е важно да се внимава и вежна и силата со промена на начинот на исхрана, како би го осигурале напредокот во остварувањето на нашите цели.
Кристал Гудман, фитнес инструктор, тврди дека структурата на нашето тело значитело се променува со зголемување на потрошените калории и зголемување на мускулната маса доколку вежбаме на сила со кардиоваскуларна активност, во која спаѓа и велосипедизмот. Таа истакнува и дека зголемувањето на мускулната маса води кон подобрување на метаболизмот, со што му се овозможува на нашето тело да загуби соодветна тежина.
Комбинацијата од карио вежбите и вежбите за сила, заедно со здравата исхрана би требало да допринесат до постигнување на посакуваните резултати. Но сепак здравиот начин на живот е многу важен.
На крајот на денот, најважната точка за губиток на килограмите е дневниот внес на калории во однос со дневната потрошувачка на калории. Доколку јадеме помалку калории од што согорвуаме, ќе изгубиме на тежина.
Постои причина зошто се вели дека мускулите се создаваат во кујната. Иако триесет минути возење на велосипед се одлична работа, особено ако во последно време ги занемарувате своите физички активности, за одржување на здравјето и спремноста за вежбање мораме и да го храниме нашето тело на исправен начин.
Паралелно, огромен бенефит за нашето здравје ќе ни донесе и доколку велосипедот стане наше секојдневие. Независно од нашите килограми, тоа е билет кон подобро здравје.
Возете велосипед секој ден и живејте здраво!
Извор: Убавина и Здравје
Фото: Убавина и Здравје