Датум на објава: 28.10.2020
Пред нас ни престои уште една зима. Од ден на ден, температурите на воздухот се се пониски, и во блиска иднина се очекува истите да се спуштат и под нулата. Тој податок не треба ни малку да ве загрижува, затоа што во продолжение ви ги претставуваме предностите кои би ги имале доколку не се откажете од вашиот велосипед во текот на зимските денови.
Возењето велосипед во зима (неколку недели) го зголемува бројот и обемот на митохондриите што произведуваат енергија, овозможувајќи да возите подолго и побрзо пред да се уморите. Бидејќи носите повеќе слоеви облека и опрема, исто така станувате посилни и ги зајакнете мускулите во процесот.
Истражувањата покажуваат дека оние кои редовно се активни имаат двојно помали шанси да се разболат за разлика од оние што повеќе сакаат да лежат по дома. Бонус: не седите толку долго во затворени простории каде што се множат вируси и бактерии. Искомбинирајте го ова со здрав пробиотик и добивате рецепт за одлично здравје.
Посебно ако најдете некоја мирна патека, „самотијата“ може да делува супер врз вашето ментално здравје – нема потреба да се грижите за други учесници во сообраќајот. Дополнително, помали се шансите да ве фати т.н. зимска депресија.
Возењето велосипед во зима ќе ве направи џедај мастер во покривање на телото со зимски слоеви, практика што и понатаму ќе ви се најде корисна.
Ќе бидете подготвени за пролетта
Кога возите цела зима, едвај чекате да дојде пролет. Кога ќе се ослободите од сите слоеви облека, ќе бидете најспремни да ги освојувате велосипедските патеки во пролет.
Извор: Мајка ти и татко ти