Датум на објава: 20.05.2025
Општина Фиренца ги стимулира оние што користат велосипед, до 20 евро центи по изминат километар или вкупно 30€ за месец.
Фиренца ги воведе првите стимулации посветени на користењето на велосипедот преку програмата „Вози велосипед, Фиренца те наградува“. Проектот има за цел да го промовира велосипедот како средство за градско движење, во замена за месечен надомест и бонуси за најактивните граѓани. Своето возење, граѓаните го логираат преку Pin Bike апликацијата.
Проектот е започнат на 3 јуни минатата година по повод Светскиот ден на велосипедот.
Целта на проектот е да се поттикне користењето на велосипедот за сите редовни патувања, не само оние до работа, туку и до училиште/универзитет. Затоа за овие релации стимулацијата ќе биде повисока – до 0,2€/км. Можно е да се дефинираат до две патувања од дома до училиште и од дома до работа, за да се излезе во пресрет на оние со повеќе работни или образовни локации. Ќе се стимулира и користењето на велосипед за други патувања со општа дестинација (доколку се извршуваат од граѓани на Фиренца внатре во општината од понеделник до петок), со што ќе се намали употребата на моторни возила. Ќе биде дозволено користење на обични велосипеди, но и за електрични. Токму за овие последните, е-велосипеди и товарни велосипеди (Cargo-Bike), дополнително од јуни месец се стимулира и нивното купување преку субвенции од страна на Општината.
Проектот се базира на комплет, изготвена мобилна апликација Pin Bike, која претставува патентиран и анти-фалсификувачки систем за следење на урбаните патувања, блутут уред што го потврдува користењето на велосипедот, држач за смартфон на управувачот и сигнaлни светла.
Воведени се два вида надоместоци – за оние што се откажуваат од загадувачки превоз и преминуваат на велосипед за патувања до работа и училиште/универзитет, и за оние што веќе редовно користат велосипед.
Поточно, оние што досега користеле моторни возила и преминуваат на велосипед за релации до работа и училиште/универзитет ќе добиваат 20 евро центи по километар, со можност за дополнителни 5 центи по километар за општи релации, доколку се внатре во Фиренца. Максималниот дневен износ ќе биде 2 евра, а месечниот 30 евра.
Оние што веќе користеле велосипед на овие релации, ќе добијат 15 евро центи по километар и 5 центи по километар за општи релации. Максималниот дневен износ ќе биде 1,20 евра, а месечниот 30 евра.
Дополнително, секој месец ќе има достапни награди до 100 евра за 200-те корисници што ќе соберат најмногу поени во апликацијата со добри практики (извозени километри, учество на настани, прашалници итн). Секој учесник за време на траењето на проектот може да добие дополнителни месечни награди до максимум 200 евра.
Иницијативата, финансирана со еден милион и двесте илјади евра, е еден од пилот-проектите развиени со граѓаните во рамки на „Фиренца за климата“, во согласност со Програмскиот договор за мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, потпишан меѓу Регионата и Министерството, и одобрен од страна на Општината Фиренца.
Извор: Општина Фиренца
![]() |