Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

„Вози здраво - Вози право“ по шести пат во Скопје

Датум на објава: 02.06.2022

Стопанска Банка ги повикува сите граѓани на Скопје кои сакаат низ центарот на Градот слободно да ги возат своите велосипеди, ролерки, тротинети (електрични или обични), скироли и бебешки колички да им се приклучат на најмасовното возење по улиците ослободени од автомобили. Настанот ќе се одржи на 5 јуни, недела со СТАРТ од 18 часот од Порта Македонија и забава и лотарија на целта во Градскиот парк.

На целта во Градскиот парк, сите регистрирани учесници кои ги подигнале своите бројчиња и учествувале на трката ќе може да учествуваат во вредната лотарија и да се освежат со пијалок, сладолед или грицки.
За доброто расположение на присутните ќе се погрижат Baskerfest како и водителите Марко и Цеце.

Лотарија
За сите учесници, покрај ВПВЗ репрезентацијата ќе има и вредна лотарија која овојпат вклучува:

- 10 SPECIALIZED велосипеди
- 10 Apple Watch
- 20 JBL Clip 4 + торби за велосипед

Банката обезбеди и ваучери за сладолед, пијалок, грицки, вода со што ќе го освежиме пристигнувањето на целта и ќе можеме да уживаме во добрата забава.
Секако, и на стартот ќе има групни предизвици па ќе подели и подароци за оние најуспешните. За што станува збор ќе дознаете на стартот од модераторот на настанот.

Совети и Препораки
Како и досега, важат препораките за безгрижно учество на ВПВЗ се:
- не се оддалечувајте од вашето друштво, ова посебно важи за децата. Погрижете се детето да знае како да ве контактира во случај да се разделите.
- внимавајте на своите работи и не ги оставајте без надзор
- дојдете најмалку 15 минути пред стартот на трката за да ги чуете сите насоки и препораки за трката
- не брзајте, трката е од ревијален карактер и првите на целта нема да бидат посебно наградени
- бидете на целта за време на лотаријата, доколку не се пријавите кога ќе биде извлечено бројчето, истото ќе биде поништено и ќе биде извлечен нов добитник
- внимавајте на брзината и на безбедноста. Во случај на незгода, ангажирани ќе бидат возила на брзата помош кои ќе може да ви помогнат. Побарајте некој од нашите волонтери кои ќе бидат распределени на стартот, долж патеката и на целта во паркот.
- се очекуваат пријатни временски услови, но секогаш е добро да бидете заштитени од UV зрачење

- Банката ќе обезбеди услови за учесниците да можат соодветно да се ослободат од отпадоците затоа што нагласено внимание ќе биде посветено на хигиената и за време на одржувањето на настанот како и по завршувањето на истиот.

Сите добитници при подигнување на наградата ќе треба да се пријават кај волонтерите со цел евидентирање на личните податоци потребни за исплата на персонален данок.

Форма за регистрација

Извор: Стопанска Банка

Врати се назад во категорија

facebook page
Travelers.mk