Датум на објава: 06.06.2022
Викендот во Скопје беше резервиран за здравите навики. Стопанска Банка АД Скопје, по шести пат го организираше нејмасовниот настан од овој тип „Вози Здраво Вози Право“. На ревијалната трка учествуваа преку 6000 велосипедисти, лица со тротинети, ролерки и слично. Улиците во централното градско подрачје речиси беа преплавени од преголемиот број на учесници, весели, среќни и насмеани лица кои ја чувствуваа благодатта да возат по коловозните ленти.
Крајот на трката беше на Градскиот Парк, каде од страна на организаторот беа поделени освежителни пијалоци и сладоледи.
Настанот заврши и со доделување на 41 награда за најсреќните учесници, кои беа извлечени по електронски пат.
Од Стопанска Банка АД Скопје повикаа до година да учествуваат уште поголем број на учесници, а до тогаш да не забораваме да го користиме велосипедот во нашите секојдневни активности
Извор: Travelers Cycling