Датум на објава: 30.06.2026
За само неколку дена велосипедскиот свет повторно ќе биде во центарот на вниманието. Од 4 до 26 јули ќе се вози 113. издание на најпрестижната етапна трка во светот – Тур де Франс. Во следните три недели најдобрите светски велосипедисти ќе минат повеќе од 3.300 километри, борејќи се за легендарната жолта маичка и местото во историјата.
Во пресрет на новото издание, сите очи повторно ќе бидат вперени кон Тадеј Погачар, кој ќе ја брани титулата освоена минатата година. Негов најголем ривал повторно се очекува да биде Јонас Вингегард, додека во конкуренција за висок пласман се и Ремко Евенпол, како и уште неколку млади возачи кои се подготвени да го нарушат воспоставениот поредок.
Минатогодишното издание (2025) донесе уште една демонстрација на силата на Погачар. Словенецот ја освои својата четврта титула на Тур де Франс, оставајќи силен впечаток во планинските етапи и потврдувајќи дека моментално е најкомплетниот велосипедист во светот. Трката започна во Лил и по 21 етапа традиционално заврши во Париз, каде што финалето за првпат беше збогатено со искачувањата на Монмартр, инспирирани од Олимписките игри во Париз 2024.
И годинава организаторите најавуваат спектакл. Тур де Франс ќе стартува во Барселона, што ќе биде третпат шпански град да биде домаќин на големиот старт. Караванот ќе помине низ Пиринеите, Централниот Масив, Вогезите и Алпите, а победникот ќе биде крунисан во Париз по 21 етапа исполнета со драматични планински пресметки, спринтерски дуели и индивидуални хронометри.
Љубителите на велосипедизмот и ова лето ќе имаат можност секој ден да уживаат во возбудливи етапи, тактички надмудрувања и неизвесна борба за четирите престижни маички – жолтата, зелената, белата и маичката со црвени точки.
Во текот на Тур де Франс 2026 на нашиот портал ќе можете да ги следите сите најважни информации. Останете со нас за комплетно покривање на најголемата велосипедска трка во светот.
|