Компанијата Горење во рамки на проектот „Грижејќи се за себе, се грижиме за природата“ постави 20 паркинзи за велосипеди на 20 различни локации на територијата на Општина Центар, се со цел да ги потсети граѓаните дека самите можат да допринесат до зачувување на животната средина и да го зголемат својот животен век, како и животниот век на своите најблиски.
Со овој проект, Горење сака да ги охрабри граѓаните се повеќе да се грижат за животната средина, почнуваќи од самите себе, почнувајќи од својот дом. Компанијата препорачува да се користат енергетски ефикасни апарати за домаќинство, со кои би се намалила потрошувашката на електрична енергија, што допринесува кон поздрава животна средина. Доколку вашиот ден започнува со доручекот приготвен со храната која се наоѓа во енергетски ефикасниот фрижидер, продолжи со одење на работа со вашиот велосипед и заврши со енергетски ефикасната машина за перење на садови, вие значително допринесувате за зачувување на животната средина.
За таа цел, како мотивација на велосипедистите, компанијата ги постави овие 20 паркинзи за велосипеди. Паркинзите можете да ги најдете на мапата на Travelers Cycling, а се наоѓаат на следните локации:
Горење Групацијата претставува корпорација која се заминава со производство на апарати за домаќинство и се вбројува во најдобрите компании во Словенија, и претставува една од водечките производители на апарати во Европа.
Горење претставува групација од 47 компании, чиј почеток е од 1950 година. На почетокот таа воглавно се занимавала со производство на земјоделски машини и набавка на градежни материјали. Успехот на компанијата дал мотив за нејзино проширување, и почнува да произведува шпорети, со што го најавува својот почеток во производство на апарати за домаќинство.
Исто така компанијата бележи успеси и денес со производство на енергетски ефикасни апарати кои во нив ги имаат имплементирано најновите технологии и делови, со цел на своите потрошувачи да им го олеснат секојдневното користње и одржување, а со тоа да го продолжи и животниот век на апаратите.
Повеќе информации можете да најдете на: Горење - gorenje.com.mk