Travelers Cycling

  • Дома
  • За нас
  • Блог
    Новости Совети Вело Настани Храбри Велосипедисти Наши Авантури
  • Вело Пријатели
    Партнери Вело Пријатели
  • Настани
  • Дестинации
  • Контакт
  • Travelers.mk
  • Дома
  • За нас
  • Блог
  • ➥ Новости
  • ➥ Совети
  • ➥ Вело Настани
  • ➥ Храбри Велосипедисти
  • ➥ Наши Авантури
  • Дестинации
  • Вело Пријатели
  • ➥ Партнери
  • ➥ Вело Пријатели
  • Настани
  • Контакт
  • Патувања

Горење - Life Simplified


Компанијата Горење во рамки на проектот „Грижејќи се за себе, се грижиме за природата“ постави 20 паркинзи за велосипеди на 20 различни локации на територијата на Општина Центар, се со цел да ги потсети граѓаните дека самите можат да допринесат до зачувување на животната средина и да го зголемат својот животен век, како и животниот век на своите најблиски.

Со овој проект, Горење сака да ги охрабри граѓаните се повеќе да се грижат за животната средина, почнуваќи од самите себе, почнувајќи од својот дом. Компанијата препорачува да се користат енергетски ефикасни апарати за домаќинство, со кои би се намалила потрошувашката на електрична енергија, што допринесува кон поздрава животна средина. Доколку вашиот ден започнува со доручекот приготвен со храната која се наоѓа во енергетски ефикасниот фрижидер, продолжи со одење на работа со вашиот велосипед и заврши со енергетски ефикасната машина за перење на садови, вие значително допринесувате за зачувување на животната средина.

За таа цел, како мотивација на велосипедистите, компанијата ги постави овие 20 паркинзи за велосипеди. Паркинзите можете да ги најдете на мапата на Travelers Cycling, а се наоѓаат на следните локации:

  1. Сквер Јадран
    1. Кај Комерцијална банка
  2. Општина Центар
    1. На почетокот на паркиралиштето на ЈП ПОЦ и фонтана
  3. Затворено паркиралиште „Дом на градежници”
    1. Позади НЛБ Тутунска банка
  4. Затворено паркиралиште „Трготекстил”
    1. Од левата страна по рампата за влез на паркиралиштето
  5. Сектор Дебар маало
    1. Игралиште „Апче” (помеѓу пекара „Силбо” и паркоматот за наплата на ЈП ПОЦ)
  6. Сектор Дебар маало
    1. Спроти „Радио бар”
  7. Сектор Дебар маало
    1. Спроти кафе „Кала” (позади паркоматот за наплата на ЈП ПОЦ)
  8. Сектор Дебар маало
    1. На ул. „Орце Николов” (спроти кафе „Синдикат”, кај банкоматот на НЛБ Тутунска банка)
  9. Сектор Парк
    1. Кај ресторан „Уранија”
  10. Сектор Парк
    1. На вторите скали кај Градски стадион
  11. Сектор Буњаковец
    1. На влезот на Монтажната катна гаража на ЈП ПОЦ
  12. Сектор Буњаковец
    1. Кај детското игралиште позади Универзална сала на улицa „Владимир Полежиновски”
  13. Сектор Капиштец
    1. Пред ТЦ Беверли
  14. Сектор Капиштец
    1. Спроти Министерство за економија
  15. Сектор Пролет
    1. Спроти Шипад мебел
  16. Сектор Капиштец
    1. Детско игралиште позади ТЦ Зебра
  17. Сектор Капиштец
    1. Пред маркет Рамастор до Т.Ц. Беверли
  18. Центар
    1. Ул. Луј Пастер кај скулптурата во форма на бик, помеѓу улица Македонија и Државна лотарија на Македонија во близина на Министерство за финансии
  19. Градски ѕид блок 4
    1. Ул. Даме Груев Во близина на Полициска станица Центар-Беко, пред Просветно дело
  20. Сектор Пролет
    1. Кај гостилница Злате позади Веро Џамбо

 

За компанијата

Горење Групацијата претставува корпорација која се заминава со производство на апарати за домаќинство и се вбројува во најдобрите компании во Словенија, и претставува една од водечките производители на апарати во Европа.

Горење претставува групација од 47 компании, чиј почеток е од 1950 година. На почетокот таа воглавно се занимавала со производство на земјоделски машини и набавка на градежни материјали. Успехот на компанијата дал мотив за нејзино проширување, и почнува да произведува шпорети, со што го најавува својот почеток во производство на апарати за домаќинство.

Исто така компанијата бележи успеси и денес со производство на енергетски ефикасни апарати кои во нив ги имаат имплементирано најновите технологии и делови, со цел на своите потрошувачи да им го олеснат секојдневното користње и одржување, а со тоа да го продолжи и животниот век на апаратите.

Повеќе информации можете да најдете на: Горење - gorenje.com.mk

Врати се на Вело Пријатели

facebook page
Travelers.mk