Со успешна реализација на едукативната програма „Вело Безбедност“, Општина Струмица го одбележа Светскиот ден на велосипедот и ја потврди посветеноста кон одржлива урбана мобилност, безбедност во сообраќајот и развој на европски вредности кај најмладите. Програмата „Вело Безбедност“ е дел од проектот „Струмица - Вело Град“ и е прва од ваков вид во државата.
Денес во организација на здружението „НаТочак“, во Скопје се одржа 85-то издание на Критична Маса. Со огромниот број на велосипедисти кои беа дел од настанот се покажа дека велосипедот е превозно средство кое бележи значителен подем особено со новонастанатата ситуација предизвикана од вирусот ковид и избегнувањето на групниот превоз за пристигнување до одредена дестинација, и дека воедно е најздравото и најеколошкото превозно средство.
![]() |