Новата опција е интегрирана во мапата на апликацијата и овозможува брз и едноставен пристап до информациите за достапните самоуслужни перални. На овој начин, корисниците добиваат дополнителна алатка која придонесува за подобро одржување на велосипедите и поголема удобност при нивното користење.
На 13 јуни 2026 година, љубителите на велосипедизмот и природата ќе имаат можност да бидат дел од посебен спортско-рекреативен настан – велосипедска тура организирана по повод одбележувањето на годишнината од загинувањето на Кочо Рацин на Лопушник
Општина Илинден ја објави можноста за добивање еднократна парична помош за набавка на велосипед во 2026 година. Оваа иницијатива е дел од Програмата за финансиска поддршка на жителите и има за цел да ги поттикне граѓаните да користат екологски чист превоз и да се движат поактивно.
Општина Фиренца ги стимулира оние што користат велосипед, до 20 евро центи по изминат километар или вкупно 30€ за месец. Фиренца ги воведе првите стимулации посветени на користењето на велосипедот преку програмата „Вози велосипед, Фиренца те наградува“. Проектот има за цел да го промовира велосипедот како средство за градско движење, во замена за месечен надомест и бонуси за најактивните граѓани
Лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои со велосипед на работа, покажа новото истражување. Истражувањето опфатило околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажува дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.
Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски свечено, со сечење на лента ја пушти во употреба пешачко-велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец – Петровец и Ржаничино. Пешачко-велосипедската патека е во должина од 2050 метри и ширина од 3 метри.
Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти
|