Лекарите им препишуваат помалку антидепресиви на луѓето кои со велосипед на работа, покажа новото истражување. Истражувањето опфатило околу 380.000 луѓе кои живеат во Шкотска, а студијата покажува дека возењето велосипед до работа го намалува ризикот од депресија и анксиозност.
Градоначалникот на Општина Петровец – Борче Митевски свечено, со сечење на лента ја пушти во употреба пешачко-велосипедската патека која ги поврзува двете најголеми населени места во Општина Петровец – Петровец и Ржаничино. Пешачко-велосипедската патека е во должина од 2050 метри и ширина од 3 метри.
Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти
Викендот во Скопје беше резервиран за здравите навики. Стопанска Банка АД Скопје, по шести пат го организираше нејмасовниот настан од овој тип „Вози Здраво Вози Право“. На ревијалната трка учествуваа преку 6000 велосипедисти, лица со тротинети, ролерки и слично.